Home Спорт Донарума се извини за грешката: Продолжувам со крената глава!

Донарума се извини за грешката: Продолжувам со крената глава!

Најталентираниот светски голман, Џанлуиџи Донарума вчера го направи првиот голем кикс во кариерата, кој го чинеше победа Милан на гостувањето во Пескара.

Донарума не ја зафати добро вратената топка од Палета и таа заврши во голот, а „росонерите“ до крајот успеаа само да го израмнат резултатот на 1:1.

„Им се извинувам на соиграчите и фановите за грешката и жалам што не победивме. Дадов се од себе, за жал вакви работи можат да се случат и продолжуват напред со крената глава. Пескара беше добро подготвена, играше одлично, сепак ние имавме шанси да победиме, но немавме среќа“, изјави Донарума.


Paletta G. (Own goal) HD – Pescara 1-0 AC Milan… by Euro2016

„Џиџо треба да остане релаксиран. Вакви грешки им се случуваат и на најдобрите, ќе го направат посилен и ќе му помогнат да порасне. Доколку победевме, ќе се смеевме на оваа ситуација”, изјави тренерот Монтела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…