Доларот „му дише во врат“ на ослабеното евро


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вредноста на американскиот долар повторно се доближи до онаа на еврото.

Вчера таа се зголеми за 0,1 отсто и во еден момент достигна вредност од 135,585 јени. Тоа е највисоко ниво од 28 јули, а еврото вчера се намали за 0,15 отсто на 1,01815 долари.

Британската валута се намали на само 1,2004 долари во петокот, еден ден откако Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, како што се очекуваше, предупредувајќи на продолжена рецесија.

Австралискиот долар скокна на 0,6927 долари откако падна за 0,8 отсто во петокот, додека новозеландскиот долар остана стабилен на 0,62435 долари.

Доларот продолжи да расте поради информациите за зголемување на вработеноста во САД. На азиските берзи повеќето регионални индекси денеска беа во минус, додека курсот на американскиот долар продолжи да јакне поддржан од изненадувачки силните податоци од американскиот пазар на трудот.