Home Актуелно Доктор Беќаровски за случајот со разрешувањето на доктор Јовев од директорската функција на Кардиохирургија

Доктор Беќаровски за случајот со разрешувањето на доктор Јовев од директорската функција на Кардиохирургија

Пропустите за кои слушнавме деновиве на Кардиохирургија се пред се од организациски и од финансиски карактер и затоа прво требаше да биде разрешен организацискиот директор, а дури потоа докторот Сашко Јовев пишува во објава на социјалните мрежи докторот Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија.

– Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати, вели Беќаровски.

Повикува Клиничкиот центар да биде интегриран со двајца директори кои ќе ги поставува Владата, додека 32-те единици сами да ги избираат стручните раководители од професорскиот кадар кој го имаат.

Според Беќаровси ова е единствениот начин за прогрес и врвна здравствена заштита за пациентите. Се друго според него е импровазација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…