Home Актуелно Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија стапи на сила

Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија стапи на сила

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева соопштија дека го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Овој договор беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, а со денешното потпишување завршува формалната постапка за стапување во сила, по ратификацијата во парламентите на двете земји.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…