Home Шоубизнис „Добрата девојка“ се испијани и стана хит на интернет

„Добрата девојка“ се испијани и стана хит на интернет

И на највнимателните и најпретпазливите кога станува збор за јавниот имиџ им се случува да кикснат и да се опуштат, а светот на технологијата кога буквално сè и сешто се снима со мобилните телефони и се објавува на интернет, не го простува тоа.

Таква ситуација доживеа и пејачката Тејлор Свифт, која инаку важи за „добра девојка“ кој исклучително многу внимава на нејзиниот јавен имиџ и културно однесување кога станува збор за јавни настани. Свифт стана хит на Твитер откако се испијани на прославата заедно со колегите и соработниците.

Тејлор на претстојните награди на MTV е номинирана дури во десет категории , што беше причина за добро да се прослави. Пејачката , без нејзино знаење , била снимена во алкохолизирана состојба , а снимките набргу се раширија на интернет.

Инаку Тејлор никогаш не била позната во вакво издание , зашто во јавноста гради имиџ на ,,добра девојка”. Но таа не се налути на објавите , па и самата сподели неколку фотографии опд забавата и се пошегува со себеси нарекувајќи се „пијана девојка”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …