До 9 јануари Иванов треба да го даде мандатот за формирање нова влада


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на државата Ѓорге Иванов, според Уставот, треба за 10 дена по конституирањето на Собранието, односно до 9 јануари, да го даде мандатот на кандидатот на партија или на партии кои ќе успеат да соберат 61 потпис, мнозинство да формираат влада.

Рокот за формирање влада веќе тече.

Потоа, мандатарот има рок од 20 дена до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на новата влада. Владата се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако мандатарот за 20 дена не успее тоа да го направи, целата процедура се повторува со предавање на мандатот на друг мандатар.

Новиот состав на Собранието на Република Македонија е составен од 51 пратеник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на СДСМ освои 49 мандати, ДУИ – 10, Движењето Беса – 5, Алијансата за Албанците – 3 и ДПА – две пратенички места.