Home Актуелно До 10 часот за претседател на државата гласале 99.192 граѓани

До 10 часот за претседател на државата гласале 99.192 граѓани

Граѓаните гласаат на вториот круг од претседателските избори.

За излезноста до 10 часот, од 88,10% одработени гласачки места, информираше Државната изборна комисија.

Во првите три часа од гласањето, гласале 99.192 граѓани, што претставува излезност од 6,31%.

Највисока излезност е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово.

Најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…