Дизни им објави војна на телевизиските интернет гиганти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продукцискиот и медиумски мастодон „Дизни“ најави дека кај нив е формирано специјално одделение кое, преку платформа за емитување на содржини на интернет, од следната година ќе треба да ги наметне на пазарот со интернет телевизијата.

Со тоа, Disney им најави „медиумска војна“ на компаниите кои моментално владеат во тој сектор – „Нетфликс“ и „Амазон“.

Директорот за стратегиски прашања во„Дизни“, Кевин Мејер, најави дека платформата ќе стартува од следната, 2019 година. Тоа значи дека „Дизни“ ќе ги повлече своите содржини од „Нетфликс“ и ќе почне да ги пласира преку својата автентична платформа.

После најавата на овој потег од страна на продукцискиот гигант, акциите на „Дизни“ на њујоршката берза пораснаа 0,5 насто.