Home Актуелно Директорот и дел од персоналот во Неврохирургија заразени од морбили

Директорот и дел од персоналот во Неврохирургија заразени од морбили

Неколку вработени и директорот од Клиниката за неврохирургија се заразени со морбили, пренесува Нова ТВ.

Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Дознаваме дека денеска бил вакциниран медицинскиот персонал бидејќи малите сипаници се шират бргу. Директорот Владимир Рендевски за НОВА ја потврди информацијата.

„Веќе неколку дена сум на Клиниката за инфективни болести заради морбили и дури денес сум малку подобро. Не знам од кого е пренесена болеста. Кај нас на Клиниката доаѓаат пациенти од цела држава, но амбулантските случаи се најголем проблем бидејќи доаѓаат пациенти од цела држава и има голема фрекфенција. Денеска персоналот се вакцинираше за да се заштитат од морбили“, изјави Рендевски, за НОВА.

На Клиниката за неврохирургија се лекуваат оперирани пациенти за кои малите сипаници можат да бидат фатални.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…