Home Актуелно Димитров со критика за поништување на пресудата за аферата со прислушувањето: „Срамна одлука – таа е резултат на клиентелизмот“

Димитров со критика за поништување на пресудата за аферата со прислушувањето: „Срамна одлука – таа е резултат на клиентелизмот“

Бившиот министер за надворешни работи и вицепремиер Никола Димитров смета  дека одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот „Тврдина-Таргет“ е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8 проценти, одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација.

„Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок? Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно – да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари“, напиша Димитров на фејсбук.

Воедно, тој додава: „Оваа кал е резултат на клиентелизмот, поставување на „наши“ или „ваши“ судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги. И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг. Знаете всушност што нам ни треба? Антипартија!“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…