Прегазил мајка и ќерка на пешачки во Велес и избегал – полицијата го пронајде автомобилот, се трага по возачот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мајка и ќерка биле прегазени на пешачки премин во Велес од страна на возач кој со својот автомобил ги удрил со голема брзина, при што 11-годишното девојче починало на местото на несреќата, а жената е тешко повредена. Како што е соопштено, полицијата трага по возачот.

Велешката полиција го пронајде возилото „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички, а сè уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин во Велес удри во мајка и дете при што 11-годишното девојче загина.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, за синоќешната сообраќајка појаснува дека девојчето починало на самото место, а потоа смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Мајката (43), пак, се здобила со тешки повреди. Како што информираше портпаролката на велешката болница, докторката Елена Левкова-Ќулумова за МИА, мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Повредите биле санирани, а утрово била испратена на домашно лекување.

Сообраќајката се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес. Мајката и ќерката, според првичните сознанија на велешкото обвинителство, преминувале на пешачки премин. Кога биле на крајот од преминот, пред да се качат на тротоарот, со голема брзина наишло возилото и удрило во нив. Од ударот, девојчето било исфрлено дури до наредниот пешачки премин на улицата кај училиштето „Васил Главинов“.

За возачот, од велешкото обвинителство соопштија дека по сообраќајката воопшто не застанал туку напротив со голема брзина избегал.