Димитриевски: „Ќе се борам како во минатото против режим“ – СДСМ се оградува од неговите ставови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во одговор на новинарско прашање, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, истакна: „СДСМ се оградува од изјавите на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски дека во земјата владее режим сличен на претходниот, како и од неговото однесување во последните денови, пренесува 360 Степени.

„Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на целата држава. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите. Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата коишто се во изолација, која мислам дека завршува денес, но што е пораката од сето тоа? Дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството“, изјави портпаролот на СДСМ.

Димитриевски вчера на Фејсбук, коментирајќи ја кривичната пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, напиша дека се работи за класична злоупотреба на инструментите на власта и најави дека ќе се бори како и во минатото против режим,и прашува дали на повидок е нешто слично.

Кривичната пријава следува по двата надзори што ги спроведе ДСЗИ во Куманово.

На наодите од надзорите, пак, Димитриевски реагираше дека станува збор за монтиран случај.