ДиКапиро и Бред Пит одлично се забавуваат на снимањето на „Once Upon A Time In Hollywood“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Once Upon A Time In Hollywood“ е деветтиот филм на Квентин Тарантино во кој главните улоги ги играат Леонардо ДиКаприо и Бред Пит. Снимањето неодамна започна во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи веќе се појавија и фотографии од сетовите на неколку локации.

Дејството на филмот е сместено во Лос Анџелес во ’60-те години од минатиот век, што е забележливо и од стилот на актерската екипа.

ДиКаприо во филмот го толкува ликот на Рик Далтон, а Бред Пит го игра Клиф Бут, каскадерот на Далтон. Улогата на Шерон Тејт ја игра Маргот Роби, а остатокот од актеската екипа, меѓу другите, го сочинуваат Ал Пачино, Демијан Луис, Дакота Фенинг и Барт Рејнолдс.

Леонардо ДиКаприо и Бред Пит за прв пат заедно ќе се појават на филмското платно, а судејќи според фотографиите, славните актери одлично се забавуваат за време на снимањето.

Првично беше планирано филмот премиерно да биде прикажан на 9 август, на годишнината од смртта на Шерон Тејт и нејзините пријатели, но планот се промени заради избегнување на евентуални контроверзии. Филмот премиерно ќе се прикажува на 26 јули, 2019 година.