Живот

Диета со брокула – до 7 килограми помалку во 10 дена

Диетата со брокула претставува промена на начинот на исхрана во период од 10 дена, кога треба да забележите драстична промена во тежината.

Оваа диета ќе ви помогне да изгубите 5-7 килограми за краток период.

Диетата со брокула ги содржи сите состојки кои ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина и да го зачувате имунитетот.

Брокулата е еден од најкорисните зеленчуци и содржи големи количини на витамини и минерали. Брокулата е исто така еден од најдобрите извори на калциум, кој игра важна улога во слабеењето. За време на диетата е дозволено конзумирање на обична или минерална вода, а понекогаш и на ниско калорични млечни напитоци.

Првиот и вториот ден:

Појадок: 200 гр. варена брокула и 1-2 чаши на црн чај без шеќер.
Ручек: 150 гр варено пилешко месо и 250 мл пилешка супа. Во прилог на ручекот изедете 100 гр. варена брокула.
Вечера: 250 гр. варена брокула, 1-2 чаши црн чај без шеќер.

Третиот и четвртиот ден:

Појадок: 200 гр. динстана брокула во маслиново масло со зачинета со мелена црвена пиперка и лук.
Ручек: 150 гр. динстана брокула во маслиново масло со салата од домати и кромид.
Вечера: Исто како појадокот.

Петтиот и шестиот ден:

Појадок: брокула салата, 100 мл. јогурт и 100 гр. варено говедско месо.
Ручек: 200 гр. варена брокула зачинета со сол.
Вечера: 150 гр. варено говедско месо

Седмиот и осмиот ден:

Појадок: 100 гр. варена брокула, 2 меко варени јајца, една чаша чај без шеќер.
Ручек: 300 мл. пилешка супа со 100 гр. брокули.
Вечера: 2 парчиња ‘ржан леб, 100 гр. варена брокула, една чаша сок од домати.

Деветтиот и десеттиот ден:

Појадок: 100 гр. варена брокула и два моркова.
Ручек: 100 гр. варена брокула, 100 гр. печена риба.
Вечера: 200 гр. варена брокула, 2 варени компири.

Advertisements
To Top