Home Актуелно Џиновска пастрмајлија од 4 метри ќе се сече на „Питијада 2017“

Џиновска пастрмајлија од 4 метри ќе се сече на „Питијада 2017“

На манифестацијата „Питијада 2017“ во Велес денеска ќе се сече џиновската пастрмајлија подготвена од велешките пекари.

Според програмата, сечењето на пастрмајлијата долга речиси четири метри, требаше да биде вчера, но се откажа поради дождот.

Пастрмајлијата се подготвува од свинско и овчо или козјо солено месо наречено пастрма, а одозгора се полева со јајца. Во Велес овој специјалитет се прави од 1862 година или точно 155 години. Низ годините пастрмајлијата ја подготвувале велешките домаќинки и фурнаџии, а денес се подготвува и во велешките домаќинства.

Пастрмајлијата е вид бренд на велешките кафеани и ресторани и бренд на Велес по кој градот е познат не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

Годинашната 14-та „Питијада 2017“ почна завчера со богата музичка програма, а вчера концерт одржа мега ѕвездата од поранешните југословенски простори Здравко Чолиќ.

За заокружување на манифестацијата, вечер ќе настапи култната „Рибља чорба“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…