Џенифер Лопез и Карди Би ќе снимаат филм за стриптизерки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Очигледно Џеј Ло повторно се враќа во актерските води. Во новиот филм за стриптизерки ќе глуми заедно со раперката Карди Би, пренесува Cosmopolitan.

Дејството во филмот ќе се случува во Њујорк, а ќе ја следи група бивши стриптизерки кои сакаат да се обидат со кариера на Вол Стрит. Интересно е тоа што Карди Би во филмот ќе има улога на стриптизерка, а пред да ја започне нејзината музичка кариера работеше токму како стриптизерка.

„Луѓето често ме прашуваат зошто се занимавав со стриптиз. Не знам како да им кажам дека тоа го работев бидејќи ми требаа пари за да излезам од токсичната љубовна врска“, изјави раперката во една прилика.

Џенифер и Карди се добри пријателки и во приватниот живот. Џеј Ло вели дека причината за тоа е што Карди ја потсетува на девојките со кои растела таа и на нејзиното семејство. Истакна дека одлично се разбираат и многу ја цени раперката.