Home Актуелно Џафери: Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата

Џафери: Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка до верниците по повод празникот Водици.

„Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата, а пораките на взаемна почит, соживот и солидарност нека течат јасно и брзо како вода на сите страни, продирајќи во сите пори на општественото живеење, влевајќи сила и верба дека заедно можеме да негуваме вистински човечки вредности и сакаме да градиме вистински демократска правна држава во која правата и слободата на граѓаните ќе бидат пред сѐ и над сѐ еднакви за сите, без оглед на етничката, верската или каква било припадност.

Токму во таа разноликост е и сета убавина и богатство на мултиетничките и мултиконфесионалните општества. Да бидеме горди на тоа, да бидеме пример во светот и регионот за тоа“, пишува во честитката.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…