Деца му држат лекција по глобално затоплување на „спинерот“ Доналд Трамп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не можеме да поверуваме дека може да биде толку прост и плиток во умот еден закоравен капиталист и опортунист кој доторука до најмоќната политичка и воена позиција во светот – претседател на САД, па затоа полесно ни е да го сметаме за бескрупулозен „спинер“ кој е спремен да тропа секакви глупости ако тие му одат во корист на неговите политички ставови и дискурс, без некогаш да изложи било какви аргументи во своја полза.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред некое време на својот фамозен Твитер профил објави дека „на прекрасниот среден запад е смрзнувачка, најниски температури некогаш измерени“, и љубезно го замоли глобалното затоплување „под итно да се врати“, саркастично и иронично алудирајќи на тоа дека глобалното затоплување е само измислица како што тврди тој.

На тоа не можеше да премолчи водителот Џими Кимел, кој одлучил да го едуцира претседателот за климата, па зел неколку прилично симпатични деца што толку просто го објаснуваат тоа што дури и Трамп да може да разбере.