Home Актуелно Денеска започнува Баскерфест- Целосна програма

Денеска започнува Баскерфест- Целосна програма

Вечерва во 19:00 за сите посетители ќе биде отворен 13-тиот по ред фестивал на улични изведувачи, Баскерфест 2018.

Градскиот плоштад „Македонија”, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.


За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер Парк”, едукативен пет корнер за животни, како и неколку интеркативни игри.

Во склоп на Баскерфест ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници- „Арт’Н’Крафт”. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.


Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…