Home Актуелно Денеска во Брисел ќе се одржи на НАТО

Денеска во Брисел ќе се одржи на НАТО

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

На состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој најавувајќи го состанокот изјави: „Ќе се осврнеме на инвазијата на Русија врз Украина, нашата силна поддршка за Украина и дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Во ова критично време, Северна Америка и Европа мора да продолжат да бидат заедно“. Тој додаде дека каква и да било употреба на нуклеарно или хемиско оружје ќе ја промени природата на конфликтот и дека Русија мора да сфати оти никогаш не може да победи во нуклеарна војна.

Столтенберг очекува лидерите денеска да се договорат за зајакнување на силите на источното крило на Алијансата, со распоредување на четири нови борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. На самитот ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден, кој исто така ќе му се приклучи на состанокот на Европскиот совет.

Ова, според оценките на посматрачите, ќе биде една од најследените посети на Европа на американски претседател во последните децении и доаѓа неколку недели откако Русија започна неиспровоциран напад врз Украина. Бајден „ќе разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана“ и ќе ја потврди посветеноста на САД кон своите сојузници во НАТО, рече портпаролот на Белата куќа Џен Псаки. На самитот ќе учествува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…