Home Актуелно Сончев и уште потопол четврток

Сончев и уште потопол четврток

Денешниот, 24-ти ден од месец март, во Македонија носи сончево и потопло време.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени. Маврово 11, Охрид 16, Битола 17, Крива Паланка 14, Берово 14, Кавадарци 21, Дојран 23.

До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…