Home Актуелно Денешниот четврток носи променливо облачно време со попладневни дождови

Денешниот четврток носи променливо облачно време со попладневни дождови

Времето во Македонија денеска, четврток, 18. мај, ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд.

Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура во Скопје ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид, Крива Паланка и Берово 16, Битола 17, Кавадарци 20, Дојран 22.

Утре времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала облачност. Дневните температури ќе се движат од 15 до 25 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…