Home Актуелно Денес во Скопје се одржува Генерално собрание на патните транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион

Денес во Скопје се одржува Генерално собрание на патните транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион

СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска е домаќин на Генералното собрание на Унијата на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион – BSEC-URTA.

На 36-тата средба на Генералното собрание на BSEC-URTA ќе присуствуваат претседателите на асоцијациите за патен транспорт од нашата држава, Турција, Молдавија, Романија, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и од Украина. Најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорите на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, како и управителот на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

BSEC-URTA е Унија на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион, во која учествуваат и земјите од регионот. СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ е полноправен член на оваа организација и активно учествува во сите нејзини активности. Темите на кои ќе се дискутира се од огромен интерес за македонските транспортери и донесените одлуки значително ќе ја олеснат нивната дејност. Оваа организација има поддршка и од Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и најавено е присуството на генералниот секретар Умберто де Прето, најавуваат од АМЕРИТ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…