Home Актуелно Денес во 13 часот конститутивна седница на деветтиот собраниски состав

Денес во 13 часот конститутивна седница на деветтиот собраниски состав

Денеска во 13 часот ќе се одржи конститутивната седница на деветтиот собраниски состав на Македонија.

Вчера претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, одржа координативен состанок со претставниците на партиите кои имаат пратеници во новиот собраниски состав. Прашањето за кое се дискутирало било кој ќе ја води седницата. За СДСМ неприфатливо е тоа да биде Вељаноски, туку тоа треба да го стори најстариот пратеник.

Според досегашната пракса конститутивната седница ја водеше најстариот пратеник. Од кабинетот на Вељаноски објаснуваат дека со деловничките измени од 2013 година дадено му е правото на последниот претседател да ја води конститутивната седница.

По средбата, Оливер Спасовски од СДСМ изјави дека најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница. Од СДСМ бараат седницата да ја води најстариот пратеник, Бранко Манојловски од ДУИ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…