Home Актуелно Денес и утре се исплаќаат тутунските субвенции: 25 милиони евра одат кај тутунарите

Денес и утре се исплаќаат тутунските субвенции: 25 милиони евра одат кај тутунарите

25 милиони евра или 1.5 милијарди денари денеска и утре ќе легнат на сметките на сите тутунопроизводители.

Ова го соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој истакна дека за еден месец Владата успеала да се справи со сите блокади и  пречки за исплата на субвенциите за тутунот.

Во Министерството за финансии се пристигнати сите налози за исплата на субвенциите за тутунот во износ од речиси 1.5 милијарди денари или близу 25 милиони евра, со што комплетно ќе бидат исплатени сите тутунопроизводители. Земјоделците денеска во попладневните часови и утре во текот на целиот ден ќе можат да си ги подигнат парите од банките. Изминативе недели направивме напори за да се деблокира исплатата и да се отстранат сите пречки,изјави министерот.

Тој напомена дека за да почне исплатата на субвенциите го промениле  Законот за земјоделство и рурален развој, со што се оддложи важноста на условите за подмирени обврски кон Управата за јавни приходи.

-Вработените во подрачните единици на министерството ги задолжил да ги внесуваат податоците од подружниците на АД Водостопанство, со цел земјоделците кои ги подмириле обврските за водарина по 15 јануари годинава, да бидат внесени како водокорисници кои не должат по основ на договор за водарина а од секторот земјишна политика се ажурирала базата на податоци, со цел на земјоделците кои должат за неплатена концесија на државното земјоделско земјиште преку пат на пребивање да може да им се исплатат субвенциите за тутун.

Дополнително се ажурирала и базата во делот за Јапонската помош, што исто така беше еден од предусловите за да може да се исплатат субвенците.

Николовски посочи дека Владата останува отворена и ќе работи за решавање на сите проблеми за земјоделците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…