Home Актуелно Денес топло, од утре врнежи и пад на температурите

Денес топло, од утре врнежи и пад на температурите

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најавите од УХМР се дека од денес до пладне времето ќе биде сончево и топло, но попладне, претежно во северните делови, ќе има пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температурата ќе достигне до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Поројните дождови ќе траат до вторник, според УХМР, се очекува облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекуваат поинтензивни врнења со пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре ќе опаднат и температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…