Home Актуелно Денес снежни услови на патиштата: Еве ги информациите што треба да ги знаете

Денес снежни услови на патиштата: Еве ги информациите што треба да ги знаете

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ се реализирани предвидените полетувања и слетувања со исклучок за летот од и за Истанбул, покажуваат податоците од интернет страницата на концесионерот на аеродромите ТАВ Македонија.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…