Home Актуелно Денес продолжува судењето на Сеад Кочан за тендерот од 17 милиони евра

Денес продолжува судењето на Сеад Кочан за тендерот од 17 милиони евра

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Денеска се очекува да бидат изведени доказите.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс Мет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот, Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Обвинителот Артан Ајро, им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 терминиза судење во декември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…