Home Актуелно Денес од Србија пристигнува втората пратка вакцини од „Фајзер“

Денес од Србија пристигнува втората пратка вакцини од „Фајзер“

На граничниот премин Табановце, министерот за здравство, Венко Филипче, денес ќе го пречека неговиот српски колега, Златибор Лончар кој ќе му ја предаде втората пратка од донацијата од соседна Србија.

Пред десеттина дена, стигнаа првите 4.680 вакцини од Фајзер, и со овие дози веќе се спроведува вакцинацијата на здравствените работници.

До крајот на неделава или евентуално почетокот на следната се очекува во Македонија да пристигнат и 200.000 дози од кинеските вакцини на производителот Синофарм.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…