Home Актуелно Денес облачно и нестабилно со пороен дожд

Денес облачно и нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, посебно попладне во западните и јужните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а дневната од 9 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи. Утринската темпеаратура ќе достигне 7 степени, а дневната до 17 степени.

До вторник ќе се здржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат и ќе преовладува посончево и потопло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…