Home Актуелно Денес ново рочиште за „Талир“ – случај за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Денес ново рочиште за „Талир“ – случај за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во скопскиот Кривичен суд денес продолжува судењето за случајот „Талир“, отворен за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, под ингеренции на СЈО.

Во него се обвинети екс-премиерот Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“.

Покрај нив, на обвинително столче, се и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, обвинети за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари оваа година, но судскиот процес неколку месеци се одложува и се наоѓа се уште на почетокот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…