Home Актуелно Денес ќе имаме променливо време

Денес ќе имаме променливо време

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога ќе има услови за локално невреме со град.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 15 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 13 и дневна до 26 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…