Home Актуелно Дел од средношколците не отстапуваат од бојкотот на наставата – МОН не отстапува од матурата по стар концепт

Дел од средношколците не отстапуваат од бојкотот на наставата – МОН не отстапува од матурата по стар концепт

И денеска дел од матурантите ја бојкотираат наставата. Средношколскиот сојуз не отстапува од барањето државната матура да има испити по два предмети.

Министерството за образование и наука не отстапува од од ставот дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година. Сојузот не се откажа од своето барање и го актуелизираше со бојкот на наставата на првиот ден од второто полугодие.

Државната матура е изборна, а министерството за образование и наука има законска обврска да го обезбеди правото на полагање на матурата, особено на оние ученици коишто сакаат да го продолжат своето образование во високообразовни установи во нашата држава и во странство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…