Дел од протестирачите во Белград упаднаа во РТС – српско МВР се закани со кривични пријави


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа група демонстранти кои беа дел од протестите „1 од 5 милиони“ на српската опозиција во Белград упаднаа во зградата на српската Радио-телевизија (РТС). Учесниците на протестот претходно ја опколија зградата на РТС почнувајќи ја блокадата на телевизијата која ја најавија пред почетокот на протестот.

Набргу по упадот на демонстрантите во зградата дошле и полициски сили за да го спречат. Додека се случуваше упадот во телевизијата пред зградата пристигна камион од кој се емитуваше „Дневникот на слободна Србија“ од каде беа повикани граѓаните на голем протест на 13 април во Белград, пренесува Телма.

Протестите во Србија под слоганот „1 од 5 милиони“ започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ и според опозицијата претставуваат продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.

Откако демонстранти на опозицијата во Србија упаднаа во зградата на РТС, министерот за полиција на Србија, Небојша Стефановиќ, на вонредна прес конференција порача дека државата ќе мора да одговори на вечерашните настани. Тој ги повика демонстрантите да ја напуштат зградата и најави дека кривично ќе одговараат сите што влегле во националниот сервис.

„Се случи насилство во тежок облик. Демонстрантите го демолираа влезот во зградата, една група влезе внатре и им се закануваше на новинарите. За жал ова прерасна во облик кој не смееше да го земе. Секој протест е дозволен, но не со закани, насилство, застрашување и напади врз новинари. Тоа не смее да се дозволи во нашата земја“ – рече министерот од Владата на Вучиќ, против која протестираат демонстрантите.