Home Актуелно Дел од пратениците на СДСМ ја напуштија конститутивната седница

Дел од пратениците на СДСМ ја напуштија конститутивната седница

СДСМ се откажаа од репликите на осмото продолжение на собраниската седницата, на која се расправа за составот на собраниската Комисија за избори и именувања, по што дел од пратениците ја напуштија собраниската сала.

Во неа останаа пратениците Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Фросина Ременски. Другите остануваат во собраниската зграда, но не и во салата. Претходно пратеникот Александар Кирацовски рече дека претседавачот со седницата Трајко Вељаноски носел огромна одговорност поради тоа што работел неделовнички.

Клучот на оваа разрешница е во Вељаноски и тој ја носи целата одговорност за тоа што се случува денес. Ако работеше строго деловнички на над 99 отсто од пратениците зборот ќе им беше одземен, ќе изберевме претседател на Собранието и ќе дебатиравме за новата влада на Република Македонија, рече Кирацовски.

Ова е осми ден како трае седницата за избор на членови на Комисијата за избори и именувања. Поради бројните реплики и контрареплики од пријавените 51 пратеник за збор досега завршија само четворица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…