Актуелно

Дедо од Кичево удрен од Ауди додека возел велосипед

73-годишниот С.Л. од Кичево вчера бил тешко повреден додека се возел со велосипед од патничко возило Ауди, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од кичевчанецот М.Ф.(55). Сообраќајката се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Велосипедистот, кој се здобил со тешки поведи, бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево информираат од СВР-Охрид.

Advertisements
To Top