Home Шоубизнис Де Пол толку се испијанил на прославата за светскиот трофеј што на девојката ѝ велел „Меси те сакам“

Де Пол толку се испијанил на прославата за светскиот трофеј што на девојката ѝ велел „Меси те сакам“

Тини Стоесел, девојката на Аргентинецот Родриго Де Пол, кој игра за Атлетико Мадрид, откри интересен и необичен детал од моментите кога фудбалерот си дошол дома по шампионското славје со аргентинската репрезентација за освојувањето на мундијалскиот трофеј на Светското превенство во Катар.

Де Пол на Мундијалот доби и прекар „телохранител на Меси“ затоа што беше секаде на теренот покрај Аргентинецот.

„Се yби пиејќи додека славеше и дома си дојде мpтов пијан. Морав многу да се грижам за него во тие моменти, не можеше да престане да слави.

Во еден момент му кажав „Те сакам“. Сакав малку да се смири, а тој му одговори: „И ја те сакам Меси!“ Ништо не ми беше јасно потоа“, раскажа Стоесел.

Инаку, Стоесел е една од најпопуларните пејачки во Аргентина. Со претходната сопруга Де Пол има две деца.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…