Home Спорт Де Геа ја затвори вратата за трансфер: Среќен сум во Манчестер

Де Геа ја затвори вратата за трансфер: Среќен сум во Манчестер

Иднината на Давид де Геа е актуелна во секој трансфер период, бидејќи шпанскиот голман веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Меѓутоа, Де Геа им стави крај на шпекулациите и изјави дека воопшто не размислува за трансфер туку е фокусиран само на Светското првенство.

„Сега најважниот датум за мене е 15 јуни. Светското првенство е многу важно за шпанскиот тим, мора да покажеме добра игра за да одиме колку што е можно подалеку. Што се однесува до мене, среќен сум во Манчестер Јунајтед, но во исто време сум фокусиран на работите на националниот тим“, изјави Де Геа.

Дали со оваа изјава Шпанецот само сакаше „да си купи мир“ или навистина е среќен во Манчестер, останува да видиме до крајот на преодниот рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…