Давитков доби отказ бидејќи ја предводеше репрезентацијата: Клубови има многу, но репрезентацијата е една!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, повеќе не е тренер на Банијас од Абу Даби, откако раководството одлучи да му даде отказ.

Причината за отазот на Давитков е што тој кус период во ноември дојде во Македонија за да ја предводи репрезентацијата во дуелите со Словачка и Швајцарија во претквалификациите за пласман на Европското првенство.

Кошаркарскиот стратег на ова кратко прокоментира дека и повторно би донел иста одлука, бидејќи клубови има многу, а репрезентацијата е една.