Home Актуелно Данска и Холандија попуштиле за раздвојување на Македонија од Албанија за датум – Германија и Италија биле против

Данска и Холандија попуштиле за раздвојување на Македонија од Албанија за датум – Германија и Италија биле против

Откако претходно и министрите и европските лидери не усогласија единствен и позитивен став за одредување датум за почнување пристапни преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, единствениот начин Македонија на денешниот состанок на шефови на држави во Брисел е да се раздвои од Албанија, меѓутоа тоа е скоро невозможно поради противење на најголем број од државите, пренесува Фокус.

Медиумите известуваат дека две од трите држави кои го „блокирале“ почетокот на преговорите на Македонија и Албанија – Холандија и Данска, ја прифатиле компромисната варијанта да се отворат преговори само за Македонија, но не и Албанија.

Меѓутоа против тоа била најскептичната земја и за двете кандидатки – Франција, но, исто така, против овој концепт на раздвојување застанале и Германија и Италија, кои се за отворање на преговори со двете држави, но не само за една од нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…