Дали тие се новиот славен пар?


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


По неколкуте јавни излегувања, извор кој ги познава и Шакира и Луис Хамилтон, откри за „Пипл“ дека пејачката и возачот на Формула 1 се во рана фаза на врска иако на почетокот изгледаше како да е забава и обичен флерт.

Претставниците на Шакира и Хамилтон не одговорија веднаш на барањето на „Пипл“ за коментар.

Веста доаѓа откако Шакира (46) присуствуваше на трката во Формула 1 за големата награда на Шпанија – каде Хамилтон (38) возеше за „Мерцедес“ и заврши на второто место – а потоа се дружеше со британскиот тркач.

По настанот, парот излегоа на вечера со група пријатели меѓу кои Даниел Цезар, Фаи Кадра и Мустафа, кој сподели фотографија на својата приказна на „Инстаграм“.