Дали сте дел од јо-јо врска? – Ова се четирите показатели кои укажуваат дека сте во ЗАМКА на врска која нема иднина…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Постојат врски кои се обидуваме да ги оживееме и да им го вратиме животот, но тие едноставно не функционираат. Тие се т.н. јо-јо врски. Еве зошто не им судено ним да успеат. Олеснете си себеси и продолжете понатаму.

Мислите дека работите ќе бидат поинакви

Ова е една од главните причини зошто остануваме во лошата врска. Да, работите можат да се применат, но не е само доволно да сакате да преземете конкретни акции. Ако обајцата партнери не се подготвени да го променат она што влијае на крај на врската, таа нема да опстане ниту овојпат.

Навикнати сте на него

Тешко е да се одвоите од сигурноста, особено ако партнерот првенствено ви е пријател кој ви нуди поддршка и секогаш е тука за вас. Во таквите ситуации сте убедени дека некој друг сличен не може никогаш повеќе да ве запознае, но грешите. Среќата некогаш е во ризикот.Важно е само да бидете подготвени вие да се впуштите во нови познанства!

Болката е составен дел од секоја врска? Не е неопходно…

Да, секако дека ќе се расправате, препирате, некогаш и ќе си кажете лоши зборови, но тоа не би требало да ви стане главна тема на односот. Постои голема разлика помеѓу паровите кои се знаат и не знаат да се расправаат – овие првите покажуваат почит и кога се лути, а вторите не бираат ниту зборови ниту постапки. Ако вашиот партнер од ново и од ново ви покажува дека не ве почитува, време е за конечно збогум.

Ако вие сте зафркнале

Во врска во која постојат двајца, тешко е проблемите да се одговорност само на едниот. Но, ако сте вие тие кои сте направиле кардинална грешка, не можете ништо друго освен да се извините и да ги објасните своите постапки. Другата страна тогаш мора да одлучи дали ќе премине преку тоа или не. Избврзувањето на неговата одлука и испитувањето кога ќе може да ве прими назад само повеќе ќе ве оддалечи.