Дали со новите измени во кривичниот законик се крчка спас за Мијалков, Канческа и компанија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Измените кои владејачкото мнозинство ги предвидува како интервенција во членот за злоупотреба на службена должност од Кривичниот закони, веќе се пред пратениците во Собранието и се очекува да бидат додадени како точка на дневен ред на денешната седница што почнува во 14 часот и да бидат донесени по брза постапка, пренесува Независен.

Нивното донесување, како што се оценува, ќе значи „амнестија“ по заобиколен пат за дел обвинети или осомничени во случаи на СЈО.

Ставот од Законот со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорност само за оние кои оствариле „имотна корист“.

Според собраниски извори, измените во КЗ се носат во контекст на престојното гласање за предлог-амандманите на Уставот, откако премиерот Зоран Заев објави дека недостигаат уште четири гласа за двотретинско мнозинство. Проценките во парламентот се дека се проблематчни гласовите на независните пратеници Елизабета Канчевска – Милеска, Емилија Александрова, Нола Исмаилоска, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ, кои не се поврзани со 27 април. Затоа, пак, овие пратеници, директно или индиректно, се поврзани со случаи што произлегоа од „бомбите“.

Доколку се направат измените на член 353 став 5 од Кривичниот законик, од затвор ќе се спасат или ќе добијат многу пониски казни за случаите што ги води СЈО, меѓу другите, Елизабета Канческа-Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Според информациите од Собранието, измената ќе влезе со потписи на пратеници, откако прво ќе бидат повлечени измените на КЗ кој беше вчера на ставен на владина седница.