Home Живот и здравје Дали момците ги приметуваат фризурата и шминката во текот на сексот?!

Дали момците ги приметуваат фризурата и шминката во текот на сексот?!

Низ историјата жените се средувале и дотерувале, обрнувајќи внимание на најситните детали кои ќе ги направат попривлечни и попосакувани.

Денес, се чини, како стандардите за убавина да ги задоволуваат високите критериуми и очекувања на обичното момче, жените стануваат се повеќе оптеретени со физичкиот изглед, но и со достапноста на препарати и апарати, па и хирургија на поголемо ниво.

А дали момците ги приметуваат сите детали, секогаш било дилема кај поубавата половина.

Судејќи по тоа дека едностано немаме ист „хемиски состав“, постојат работи на кои момците едноставно се имуни.

И да, точно е, нема веднаш да ја приметат вашата нова фризура, некој килограм повеќе, ниту бојата на карминот.

Она што може да биде фатално по вашата врска е во текот на сексуалниот однос да водите сметка за тие детали, а уште полошо би било него да го прекинете во распламнетите страсти со предупредување дека ќе ви ја уништи фризурата.

Обидете се да се опуштите и да не мислите за тоа како изгледате, ако со вас одбрал да води љубов, тоа е показател дека физички веќе сте му се допаднале, а првиот впечаток е секако неспорен.

Во спротивно, нема да посака повеќе да ве види, лесно е.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …