Дали е важно колку сексуални партнери сте имале пред брак?

партнери пред брак

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поборниците на теоријата дека жената треба да има само еден сексуален партнер во текот на животот и оној со кој ја официјализирала врската задоволно ги тријат рацете по објавувањето на истражувањето спроведено на Универзитетот во Вирџинија.

Според овие резултати, за среќа во бракот важно е да имате што помалку различни сексуални партнери пред да го изговорите судбоносното „да“. По можност, тоа да биде само еден, и оној со кој ќе пловите во брачните води. Според резултатите, чувството на задоволство и среќа во бракот се намалува со бројот на сексуални партнери.

Дури 53 отсто од испитаниците кои спиеле само со својот иден сопруг изјавиле дека се презадоволни во бракот, а таа бројка паѓа на 42 отсто кај оние кои имале повеќе од двајца партнери, додека на 22 отсто кај оние жени кои имала повеќе од 10 сексуални партнери пред да стане „Госпоѓа“.

Сексот со различни партнери е во корелација со незадоволството во бракот, а причината за тоа, како што толкуваат авторите на студијата, е прилично банална. Оние жени кои смениле неколку партнери се незадоволни бидејќи знаат дека постои алтернатива.

„Искуствата што ги имавме во минатото влијаат и на идниот квалитет на брачниот живот. Многу млади луѓе денес буквално ја сфаќаат изреката „Живееш само еднаш“ и не размислуваат за утре“, забележуваат авторите на студијата Галена К. Рудс и Скот М. Стенли.

Тие веруваат дека тоа не значи дека сексот пред брак ќе ја уништи идната врска, но сепак тврдат дека сексот со различни партнери би бил ризик доколку очекувате квалитетен брак. Студијата го разгледала и бројот на гости на свадбата. Велат дека најсреќни парови на долг рок се оние парови кои на својата свадбена церемонија имале повеќе од 150 гости!

Сметаме дека тоа е поврзано со посилното чувство на одговорност при заколнување на вечна љубов пред поголем број гости, но и со тоа што имаат поголема поддршка, велат авторите на студијата.

Студијата следела 1.294 немажени жени и мажи во САД пет години. Во текот на истражувањето се венчале 418 луѓе, а само 23 отсто од нив воделе љубов само со личноста со која влегле во брачното пристаниште.