Дали двете холивудски диви конечно „ги закопаа секирите“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според американските медиуми, кои се повикуваат на наводно добро информирани неименувани извори, двете холивудски диви Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, двете бивши сопруги на Бред Пит, конечно се смириле  ги „закопале непријателските секири“.

Помирувањето се случило на забавата организирана од страна на Рис Витерспун, пишува американскиот таблоид Woman’s Day.

Двете актерки поминаа повеќе од една деценија во избегнување на меѓусебна средба, ама и двете прифатија да дојдат на роденденската забава на својата колешка, која им помогна да ги закопаат секирите.

„Рис со години балансираше меѓу нив две и секако дека не беше лесно за неа, сепак одлучии двете да ги пoкани на роденденот“, вели изворот и додава дека Анистон прва се доближила до Џоли и прозборела со неа.

„Во тој момент, се чинеше дека сите очи се вперени во нив две, и се чувствуваше тензија. Името Бред Пит не се спомнуваше, но Анџелина наводно изјавила дека и е криво што Џенифер се раздвоила од Џастин.

Од друга страна портпалорот на Анистон демантираше дека до оваа средба воопшто дошло.