Home Актуелно Дадена дозвола за одржување концерти – еве под кои услови

Дадена дозвола за одржување концерти – еве под кои услови

Во изјава за јавноста, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани.

Комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, кои биле заедно на состанок минатата недела, и како што рече Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.

„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…