Home Вебкафе ДА ТИ НАЦРТАМ: „Како се растура држава“

ДА ТИ НАЦРТАМ: „Како се растура држава“

16-та епизода од познатиот видео серијал „Да ти нацртам“. Во објаснувањето од видеото се вели: „Бидејќи за сè треба знаење, уништувањето на државата почнува со слабеење на знаењето, односно образованието.

Кога децата се оптоваруваат со непотребни содржини, преку учебниците им се нудат погрешни дефиниции и збунувачки објаснувања, тие не може да ги развијат потребните знаења. Кога се воспитуваат да бидат послушни и покорни, не може да бидат креативни. А без креативност, не се наоѓаат решенија за проблемите.

Многу е важно да се уништи и системот на вредности според кој вистинските луѓе се поставуваат на вистински места. Кога семејната поврзаност, пријателствата, партиската послушност и полтронството се критериуми за напредок, институциите ќе ги заземат погрешни луѓе. А кога од нив ќе се извади знаењето и способноста, институциите стануваат шупливи како фасади. Одлуките тогаш се носат нестручно и во корист на малкумина. Нормално, послушниците тоа нема да го спречат затоа што знаат како дошле до раководни места“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…