Да бидеме хумани, да ѝ помогнеме на Симона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симона Николова е 25 годишна девојка од Скопје која веќе 15 години боледува од фридрикова атаксија ( нарушување на нервниот систем и немање на рамнотежа на телото).

Родена е како седум месечно бебе и има поминато 20 дена под надзор од доктори во болница без инкубатор. Растена е како сосем здраво дете до 8 години сè додека на таа возраст не паднала од точак при што се здобила со силен удар на главата. Неколку месеци по падот, кај Симона дијагностицирале дијабетес и Friedreich’s ataxia. Со тек на годините почнала да губи рамнотежа и да оди со помош. Веќе 6 години користи инвалидска количка како превозно средство.

Има одлична меморија и одличен вид. Има осет на цело тело. Многу добро работи на компјутер, иако има тешкоти со третиот и четвртиот прст на двете раце. Сама јаде, а не може да пишувам. Има потешкоти во говорот, бавно зборување и замор, но може да комуницира со луѓето. Понекогаш со помош можае да застанe на нозе, но нема рамнотежа дури ни при седење. Исто така со години има сколиоза во долниот дел кај карлицата и колкот речиси 90%.

Потребни и се средства за пресадување на матични клетки во Кина.Третманот чини 18.000 долари.

Во исчекување на телефонските броеви за донации, може да се донира на жиро сметка:

Броеви за донации: Телеком 070 143 191, ВИП.Оне 143 467

200 0033083107 04
Стопанска Банка АД Скопје

Да и помогнеме на оваа убавица да застане на нозе!