Home Живот и здравје Д-р Кунгуловски предупредува: Месеците што следат со новиот делта-сој ќе бидат посебно тешки за непрележаните и невакцинираните

Д-р Кунгуловски предупредува: Месеците што следат со новиот делта-сој ќе бидат посебно тешки за непрележаните и невакцинираните

Уште два нови случаи позитивни на делта сојот на SARS-CoV-2 се регистрирани во Жан Митрев Клиник, соопшти доктор Горан Кунгуловски на Фејсбук. Од Министерството за здравство се уште нема потврда за новите случаи, а министерот Венко Филипче претходно денеска соопшти дека има четири потврдени случаи на делта сојот.

– Денеска се потврдени шест случаи (четири во Јавно здравство и два во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на SARS-CoV-2. Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50 проценти, а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50 отсто побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30 посто побрзо од изворниот Wuhan-ски сој, пишува Кунгуловски вчера на Фејсбук.

Според него, има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и земјава во наредниве неколку месеци.

– Тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните… Вакцините се уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата, напиша Кунгуловски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто маслинките треба да ти станат најдобар сојузник во перименопаузата?

Кој би помислил дека црните маслинки, често занемарени, можат да бидат вистинска суперхран…